Георгиевски обезбеди медал на Олимпијадата во Токио

Македонскиот таеквондистот Дејан Георгиевски се пласира во финалето на Олимпијадата во Токио. Тој претпладнево го победи Кјо Дон Ин од Кореја со 12:6 во полуфиналето во категоријата +80 килограми.

За прв пат на турнирот во Токио, Георгиевски имаше негатива по првата рунда (0:1). Следуваа две добри минути за македонскиот репрезентативец и водство со 5:3 по втората рунда. Последните две минути поминаа во доминација на Македонецот за сигурен пласман во финалето.

По две децении македонскиот спорт доаѓа до медал на Олимписките игри.

Противник на Георгиевски во борбата за златото ќе биде Русинот, Владислав Ларин. Финалето е закажано за 14:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e