Гатузо: Можам да го запрам Меси само на сон или на „Плејстејшн“

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, го сподели своето мислење за претстојниот реванш од осминафиналето на Лигата на шампионите против Барселона и лидерот на Каталонците, Лионел Меси.

– Можам само да го запрам Меси во моите соништа. Или ако го вклучам „Плејстејшн“ на мојот син и да си изберам кога играв со Милан, а тогаш бев 10-15 килограми послаб. Мора да играме против Барселона како тим и за да се осигураме, дека ќе добиеме шанси. Треба мирно да ги покажеме нашите најдобри квалитети, вели Гатузо во изјава за Goal.com.

Реваншот Барселона – Наполи е закажан за 8 август, а првиот натпревар заврши нерешено (1:1).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e