(ФОТО) ФИФА пријави тешка кражба од свечената церемонија, Роналдо и Раниери останале без скапоцените подароци!

Кристијано Роналдо, Клаудио Раниери и останатите најважни добитници на ФИФА наградите примија навистина специфични и интересни трофеи, но како што велат последните информации, победниците во најважните категории останале без скапоцените часовници кои светската куќа на фудбалот ги имала подготвено за овој настан.

ФИФА потврди дека доставила пријава за кражба на шест луксузни и скапоцени часовници пред стартот на свечената церемонија во Цирих, а навистина звучи неверојатен фактот дека операцијата која била успешно спроведена го оставила највлијателното тело во светскиот фудбал полесно за нешто повеќе од половина милион долари.

Станува збор за специјални часовници од луксузната швајцарска марка „Хублот“, а како што е наведено во извештајот, секој од часовниците имал вредност од 98 илјади долари. Вкупната загуба од кражбата изнесува 588 илјади долари, но ФИФА одбила да обелодени каде биле сместени часовниците кога исчезнале пред самиот старт на гала вечерта.

Одговорните лица успеале да ја ублажат ситуацијата со тоа што на најважните добитници им доделиле часовници „Хублот“ кои имаат многу помала вредност, но од ФИФА најавуваат дека во наредните неколку дена ќе им бидат испорачани шесте часовници на шесте луѓе за кои биле првично предвидени.

hublot-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e