Формула 1 потврди – ГН на Португалија на 2 мај

Раководството на Формула 1 соопшти денеска дека трката за Големата награда (ГН) на Португалија ќе се одржи на 2 мај на патеката Портимау, потврдувајќи дека овогодишниот календар на Светското првенство ќе брои рекордни 23 трки.

Портимау беше домаќин на трка и во минатогодишната скратена сезона, што беше враќање на Формула 1 на португалско почва по пауза од 25 години.

-Возбудени сме што можеме да објавиме дека, по минатогодишниот голем успех, повторно ќе имаме трка во Формула 1 во Портимау. Со ланските 17 натпреварувања покажавме дека можеме да организираме трки во безбедносно опкружување, и на тој начин, во тешки времиња, да развеселиме милиони наши приврзаници. Се надеваме дека во Портимау повторно ќе можеме да имаме публика покрај патеката, изјави главниот оперативец на Ф1, Стефано Доменикали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e