ФИФА по стапките на УЕФА: Светска лига од 2019 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) лансира најава за натпреварување по теркот на УЕФА. Планот е воведување на Светска лига по теркот на Лига на нации на Европската фудбалска асоцијација и замислена е како замена за пријателските натпревари, но и како мундијалски квалификации. Мечевите ќе се играат во репрезентативни термини, официјално би почнале во 2019 година и со неа ќе бидат опфатени репрезентации од сите континенти врз основа на позициите на ранг листата.

Светската лига на ФИФА ќе трае во тек на целата година пришто националните тимови ќе бидат поделени во три дивизии. Ваквата идеја на ФИФА доаѓа по само неколку месеци од најавата за УЕФА Лигата на нации што ќе претставува и квалификации за ЕП 2020 што ги погоди јужноамериканските селекции, пред се Бразил и Аргентина, кои остануваат без квалитетни опции за контролни средби и осудени на тестови со ривали од Северна и Средна Америка, Азија, Африка и Океанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e