ФИФА: Пандев заслужува да го видиме на Мундијалот во Катар

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) во пресрет на утрешниот почеток на квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар објави денеска листа со десет фудбалери, кои со својот квалитет заслужуваат настап на Светското првенство, вклучувајќи го меѓу нив и македонскиот капитен Горан Пандев.

-Пандев сè уште импресионира во Серија А, сега во дресот на Џенова. Македонската репрезентација никогаш досега во групите не се пласирана на едно од првите три места во мундијалските квалификации, но овој состав сега е полн со самодоверба по остварениот пласман на Европското првенство, пишува ФИФА во освртот за македонскиот капитен.

Пандев со своите 37 години е втор највозрасен на листата на ФИФА, зад Канаѓанецот Атиба Хачинсон (38).

Топ 10 фудбалери, кои заслужуваат настап на Мундијалот според оценката на ФИФА:

Пјер-Емерик Обамејанг (Габон) 31 година

Герет Бејл (Велс) 31

Атиба Хачинсон (Канада) 38

Ву Леи (Кина) 29

Хенрик Мхитарјан (Ерменија) 32

Јан Облак (Словенија) 28

Виржил ван Дајк (Холандија) 29

Вилфрид Заха (Брегот Слонова коска) 28

Горан Пандев (Македонија) 37

Дуван Запата (Колумбија) 29.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e