Федерер стана највозрасниот тенисер кој ќе игра во четвртфиналето на Вимблдон

Роџер Федерер без проблеми се пласираше во четвртфиналето на тенсикиот гренд-слем турнир Вимблдон, откако со 3:0 (7:5, 6:4, 6:2) во сетови го победи Лоренцо Сонего. Со оваа победа, Федерер со 39 години и 337 денови стана највозрасниот тенисер кој успеал да се пласира од четвртфиналето на Вимблдон.

Уште еден подвиг на Швајцарецот е тоа што ова за него е 18. учество меѓу најдобрите осум тенисери на гренд слемот кој го има приматот за неофицијално светско тениско првенство. Федерер има и рекордни осум титули на Вимблдон.

Во четвртфиналето ќе го нема шестиот носител Александар Зверев кој загуби во пет сета од Феликс Аугер од Канада. Данил Медведер својот меч ќе го доигра утре, откако дуелот против Хуркач од Полска беше прекинат во четвртиот сет при водство на фаворитот од 2:1 во сетови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e