Елмас собира пофалби по дебитантското полувреме во Наполи

Македонскиот фудбалки репрезентативец Елиф Елмас дебитираше во дресот на италјанскиот калчолигаш Наполи на пријателскиот меч со Олимпик Марсеј. Наполи победи (1:0), Елмас беше во стартната постава. Одигра едно полувреме, но тоа му беше доволно да го привлече вниманието. Се најде на насловните страници во италјанските медиуми, а не штедеше убави зборви ниту тренерот на наполитанците Карло Анчелоти.

– Елиф покажа дека е интелегентен играч, покажа дека е комплетен играч. Тој е многу кратко со нас во екипата и верувам дека ќе биде се подобар. Сепак треба да работи напорно, рече Анчелоти.

„Кориере дело Спорт“, еден од највлијателните весници во Италија го стави новопечениот македонски фудбалски интеранционалец во Калчото на својата насловна страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e