Две победи во дебитантската сезона во Јадранска лига за кошаркарките од Крива Паланка

Кошаркарките на Крива Паланка славеа убедливо во двата дуела одиграни на вчерашниот турнир од Меѓународната Јадранска лига за девојки до 17 години, организиран од WABA канцеларијата.

Ова е дебитантска сезона во Јадранското натпреварување со долгогодишна традиција за кривопаланечкиот табор, а е отворена со двоен учинок во првите два натпревари од настапите во лигата.

Турнирот се одржа во салата „Бранители 2001“, Крива Паланка, а на програмата беа натпреварите од Д групата.

Во првиот натпревар КК Крива– ЖКК Вардар, Скопје, домаќините ги надиграа вардарки и остварија победа од 87-76. Во вториот меч разигруваа Вардар и Бадел 1862, а подобри беа вардарки кои победија со 88-81. Вториот дуел на домашните кошаркарки и последен на турнирот беше со екипата на ЖКК Бадел 1862, а во истиот доминирајќи од почетокот на натпреварот, паланчанки го имаа водството во текот на целиот меч, а крајниот резултат е 90-69.

– Работевме во континуитет на подготовка на целиот тим, девојките играат и тренираат заедно повеќе од седум години, компактни се и имаа силна желба за докажување. Иако речиси една година пандемијата ги редуцира натпреварите во континуитет,кои се клучни за добра воиграност и натпреварувачки ритам, тоа не се покажа на двата меша вчера. За овој турнир, она што го дозволува лигата, имавме и дополнување на тимот со два играчи, ОД ЖКК Струга 2009 и од ЖКК Трокал, кои иако одработија само неколку тренинзи со тимот, одлично се вклопува и резултатите се видливи,за што им честитаме на девојчињата со кои се гордееме,без исклучок,со сите што беа дел од тимот, посочија од стручниот штаб на КК Крива, во состав: Мирослав Ивановски, Ведран Белешковски и Владимир Ѓоровиќ.

Следниот турнир е на крајот на месецот, се игра во Подгорица, Црна Гора,а домаќин е ЖКК Будуќност Бемакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e