Донарума ја одби последната понуда на Милан за нов договор

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ја одби последната понуда на клубот за нов договор, според угледниот новинар Алфредо Педула.

Причината за ова е финансискиот дел од трансакцијата. Тековниот договор на голманот е до летото 2021 година, со плата од 6 милиони евра.

Газдите на „росонерите“ му понудиле зголемување на платата од 1 милион евра, а 20-годишниот играч не го чувствувал тоа за доволно.

Ситуацијата останува отворена, но станува сè потешко да се постигне договор меѓу двете страни.

Педула додава дека интересот на Јувентус за Донарума не треба да се игнорира, и покрај присуството на Војчех Шчесни кај „бјанконерите“, откако италијанскиот репрезентативец се проценува на околу 30-40 милиони евра.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e