Димитриевски поради позитивен тест на коронавирус нема да допатува во Скопје

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски е позитивен на коронавирус и нема да допатува во Скопје за подготовките на А репрезентацијата за натпреварите против Ерменија и Грузија.

– Во текот на вчерашниот ден, пред полетување за Скопје, нашиот репрезентативен голман ги добил резултатите од тестирањето кој за жал, покажале присуство на вирусот Ковид-19.

Селекторот Игор Ангеловски подоцна ќе информира за дополнителен повик на голманската позиција во најдобрата селекција, соопшти ФФМ на својата веб-страница.

Исто така, поради повреда на предната ложа (Qudriceps), подготовките на А селекцијата ги завршува Даниел Аврамовски. Тој и пред почетокот на подготовките беше под знак прашалник за настап, а сериозноста на повредата е причина што фудбалерот на турски Кајсериспор нема да може да биде во комбинација за настап на двата натпревари од Лига на нации против Ерменија на 5 септември и со Грузија три дена подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e