Диаз: Многу луѓе велат дека не ја заслужувам „седмицата“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Мариано Диаз, изјави дека не е загрижен да игра со дресот со број 7. Долго време тој беше на грбот на Кристијано Роналдо.

„Се разбира, тоа е многу посебен број. Тој беше сободен, ми се допаѓа. Тоа е личен предизвик, и мило ми е што можам да го земам, изјави Диаз за „А Бола“.

„Многу луѓе рекоа дека не го заслужувам тој број. Јас не слушав никого. Сакам да работам што е можно повеќе за да излезам на теренот и да покажам добра игра. Ова ме мотивира уште повеќе“, додаде поранешниот играч на Лион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e