Наскоро продолжен викенд – уште 4 неработни денови годинава

Петок, 28 август, кога се одбележува празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, беше неработен ден за граѓаните.

Бидејќи празникот се падна во петок, граѓаните добија продолжен викенд од три дена, односно можност за одмор од петок до недела. За многумина ова беше одлична можност за кратко бегство од секојдневните обврски и уживање во продолжениот викенд.

Следниот неработен ден кој доаѓа наскоро е 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија. Празникот годинава се одбележува во вторник, па граѓаните ќе имаат можност за уште еден слободен ден во текот на работната седмица.

Ова се сите неработни денови кои ни останаа до крајот на 2026:

За сите граѓани на РСМ
8 септември (вторник) – Ден на независноста
12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)
23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)
8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски
За граѓаните од католичка вероисповед
1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e