Деветто полуфинале за Ѓоковиќ на Австралија опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по деветти пат се пласира во финалето на Грен слемот Австралија опен. Тој претпладнево го совлада Русинот Аслан Каратсев со 6:3, 6:4 и 6:2.

Воедно Србинот има максимален ефект во досегашните девет полуфиналиња во Мелбурн, а во деветте мечеви за трофејот секогаш победувал.

Ривал на Ѓоковиќ во мечот за трофејот ќе биде победникот од дуелот Данил Медведев (Русија) – Стефанос Циципас (Грција). Второто полуфинале на Австралија опен е закажано за утре со почеток во 9:30 часот.

Наградниот фонд на првиот Грен слем во годината, изнесува 55,2 милиони долари,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e