Црвена ѕвезда се враќа: Прв пат ќе настапи во Лигата на шампионите

Фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда ја испиша историјата, поранешниот европски шампион прв пат ќе настапи во групната фаза од Лигата на шампионите и тоа поради повеќе дадени голови на гостински терен.

Имено, првиот меч меѓу српскиот и австрискиот шампион, Ред Бул Салцбург, во Белград заврши 0:0, а реваншот во Австрија 2:2.

Црвена Ѕвезда беше во класична нокаут ситуација, откако по 48 минути игра имаа негатива од 2:0, откако Мунас Дабур стрелаше во 45-та и во 48-та минута од пенал. Но, за само една минута работите се променија со головите на Бен и Милош Дегенек во 65-та и 66-та минута белградскиот тим се вивна во ѕвездите

За поранешниот европски шампион ова е прво историско учество откога ЛШ се игра во овој формат, а е изборено по пет неуспешни обиди почнувајќи од сезоната 1991/92.

Со пласманот во елитата, белграѓани автоматски од УЕФА заработија 15,2 милиони евра, плус ќе добијат финансиски средства за секој освоен бод во групите.

Салцбург и покрај тоа што имаше предност од 2:0, сепак ќе мора да се задоволи со настап во Лигата на Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e