Бензема ќе го предводи нападот на „Триколорите“ на ЕП

Карим Бензема (33) и официјално по шест години се врати во репрезентацијата на Франција. Селекторот Дидие Дешамп го соопшти списокот од 26 патници за Европско првенство (ЕП), а на листата е и напаѓачот на Реал Мадрид.

Бензема има 81 настап и 27 гола за француската репрезентација, но последен пат играше во октомври 2015 година, против Ерменија кога постигна два гола. Потоа се случи скандалот со Матје Валбуена по што Дешамп не го повика на Европското првенство во 2016 година на домашен терен и на Мундијалот две години подоцна.

-Да, се врати, зошто да не се врати? Никој нема можност да го врати времето назад и да промени се што се случувало. Мораме да размислуваме за сегашноста и она што ќе се случува во иднина, изјави Дешамп.

Овој искусен напаѓач и сезонава игра одлично во дресот на Реал Мадрид, зашто на 45 меча успеа да постигне дури 29 голови.

„Триколорите“ без дилема се едни од фаворитите за златниот медал на ЕП, a во група се со Германија, Португалија и Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e