Белгија го сруши големиот Бразил за мундијалско полуфинале

Во вториот четвртфинален натпревар на Мундијалот во Русија, на „Казан Арена“, фудбалерите на Белгија во одличен натпревар славеа победа против Бразил со 2-1 (2-0) и првпат по Мундијалот во Мексико(1986 година) успеаја да се пласираа во едно полуфинале на Светско првенство.
Во вториот четвртфинален натпревар на Мундијалот во Русија, на „Казан Арена“, фудбалерите на Белгија во одличен натпревар славеа победа против Бразил со 2-1 (2-0) и првпат по Мундијалот во Мексико (1986 година) успеаја да се пласираа во едно полуфинале на Светско првенство.

По почетното испитување на силите, „кариоките“ во 7. минута имаа извонредна шанса, но Миранда, по корнерот на Нејмар, ја погоди само стативата. Бразилците продолжија со нападите, а по вториот корнер извонредна можност имаше и Паулињо, остана сам, но биеше млако и безопасно по Куртоа. Казната за неискористените шанси за Бразил набрзо стигна, па по првиот белгиски корнер, Фернандињо ја смести топката во својот гол, за водство на Белгија од 0-1 (втор примен гол на Бразилците на Мундијалот).

По примениот гол, избраниците на Тите продолжија да притискаат, за разлика од „ѓаволите“ кои главно се обидуваа преку брзи контри да постигнат и втор погодок. Во овој период најсериозната шанса ја имаше Марсело, но неговиот удар Куртоа одлично го скроти. На спротивната страна избраниците на Мартинез направија убиствена контра, која ја започна Муние, топката стигна до Кевин Де Брујне, кој со извонреден удар, во 31. минута зголеми на 0-2.

По примениот гол Јужноамериканците се обидуваа да возвратат пред полувремето, но ударите на Кутињо и Хесус, Куртоа одлично ги одбрани. Во 42. минута Де Брујне одлично биеше од слободен удар, но Алисон со крајни напори исфрли само во корнер, па на полувреме се замина со предност на Белгија од 0-2.

На почетокот на вториот дел Тите во игра го внесе Фирмињо, на местото на индиспонираниот во првиот дел, Вилиан. Во 56. минута судијата Мажиќ покажа пенал за Бразил, но истиот со право по консултација со ВАР-системот го поништи. На спротивната страна Белгијците продолжија со своите контри, а по една таква, во 61. минута Азар имаше извонредна шанса, но биеше само покрај голот.

Следеше нова иницијатива на бразилските фудбалери, а голот за надеж го постигна Ренато Аугусто, по извонредната асистенција на Фирмињо во 75. минута. Веднаш потоа шанса за израмнување имаше и Фирмињо, но биеше високо над голот. Бразил продолжи да напаѓа, а нова шанса имаше Аугусто, но ударот заврши покрај голот.

Последните десетина минути Мартинез направи две измени, со кои целосно се определи на чување на предноста и успеа да се одбрани и да обезбеди пласман во полуфиналето. Завршната шанса ја имаше Нејмар во 93. минута, но за негова несреќа, Куртоа со пантерски скок исфрли само во корнер.

Во полуфиналето, кое е закажано за 10 јули во Санкт Петербург, противник на Белгија ќе биде репрезентацијата на Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e