Барселона: Меси е клучен играч за нас, даваме максимум да потпишеме нов договор

На „Камп Ноу“ даваат сè од себе за да ја исклучат можноста Лионел Меси да си замине. Неговиот договор, кој истекува во 2021 година, му дава можност да замине уште следното лето без пари. Во овој поглед, раководството се обидува да го „натера“ да потпише нов договор.

– Меси е клучен играч за нас. Знам дека претседателот разговара со неговите претставници за да се осигури дека неговиот нов договор е потпишан еднаш засекогаш. Се надевам дека тој ќе остане тука уште многу години и мислам дека така ќе завршат работите. Сепак, ова ќе биде одлука на Лео лично. Но, како што тој кажа, Барса е на прво место. Тој е најдобриот, рече спортскиот директор Ерик Абидал за Мундо Депортиво.

Триесет и две-годишниот Аргентинец откри дека тој навистина бил подготвен да го напушти каталонскиот клуб летото 2017 година, но едноставно немало кој да го купи.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e