Барди поради повреда ќе ги пропушти натпреварите против Лихтенштајн и Германија

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди поради повреда нема да може да се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за подготовките и натпреварите против Лихтенштајн (8 октомври) и Германија (11 октомври) од квалификациите за Светското првенство 2023.

Фудбалерот на шпански Леванте сЕ уште не е залечен од повредата на заден бутен мускул здобиена на последниот репрезентативен натпревар против Романија во Скопје.

Милевски нема да повикува друг фудбалер како замена за повредениот Барди.

Македонската репрезентација синоќа во хотел „Хилтон“ во Скопје го имаше првиот собир. Во репрезентативната база пристигаа Адис Јаховиќ, Стефан Ашковски, Висар Муслиу, Тихомир Костадинов, Дени Илиев, Стефан Спировски, Кире Ристевски, Дамјан Шишковски и Никола Ѓорѓев. Сите останати повикани за двата натпревари денеска ќе му се приклучат на тимот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e