Баерн демантираше во врска со трансферот на Сане

Германскиот шампион Баерн Минхен преку порака на Твитер ги демантираше германските медиуми дека Баварцире се договориле со Манчестер сити во врска со трансферот на Лерој Сане.

– Сите медиумски наводи кои се објавени денеска, а кои говорат за трансферот на Лерој Сане во Баерн Минхен не одговараат на фактит, пишува на кратката порака објавена на службениот Твитер профил на германскиот шампион.

Повод за ваквата реакција на Баварците беше веста која денеска ја објавија сите германски медиуми за доаѓањето на Сане во Баварија.

Инаку, во однос на Сане самиот претседател на Баерн Ули Хонес кратко и јасно одговори – ако сака да дојде, ќе се обидеме да го завршиме трансферот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e