Азар повторно се повреди, може да пропушти два месеца

Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар, се здоби со пукнатина во десната дистална фибула, пренесува официјалната веб-страница на клубот.

Белгиецот се повреди во натпреварот од 25. коло против Леванте (0:1). Можеби ќе пропушти околу два месеца.

Азар неодамна се опорави од повредата во ноември заработена во натпревар од Лигата на шампионите со ПСЖ (2:2).

Оваа сезона, белгискиот репрезентативец настапи на 10 натпревари во шампионатот на Шпанија и постигна еден гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ