Авторот на биографијата на Роналдо потврди: Кристијано е играч на Јувентус

Веќе неколку дена главна вест во светскиот фудбал е трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус. Гиљем Балаге, спортски новинар и писател, кој ја напиша и биографијата на португалската ѕвезда кажа неколку зборови кои на нозе крена многумина на социјалните мрежи.

Тој вели дека Роналдо во својата глава е играч на Јувентус веќе.

-Во неговата глава, Кристијано е играч на Јувентус. Јуве најде начин да го финансира неговиот договор и Реал Мадрид сака да го пушти. Се уште нема официјална понуда, но Мендеш потврди дека таа ќе пристигне наскоро, вели Балаге.

Инаку трансферот на Роналдо во Јувентус, најверојатно ќе го чини торинскиот клуб 100 милиони евра, а Португалецот ќе заработи 120 милиони евра за четири години, или 30 милиони по сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e