Анкета на „Еуроспорт“: Ѓоковиќ е најдобар тенисер на сите времиња

Според анкетата на „Еуроспорт“ српскиот тенисер е прогласен за најдобар играч во историјата на „белиот спорт“.

Анкетата беше организирана во модел на турнир, а првиот рекет во светот во четвртфиналето освои повеќе гласови од Род Левер, потоа во полуфиналето го победи Надал, а во финалето се сретна со Федерер од кој исто така освои повеќе гласови.

Ѓоковиќ во неговата богата кариера освои 17 Грен Слем титули, а има и подобар меѓусебен дуел од Федерер и Надал.Со оглед на неговите години не е невозоможно до крајот на кариерата да го престигне легендарниот Швајцарец по бројот на титули од најголемите турнири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e