Ана Стојановска на квалификации за Олимписки игри

Пингпонгарката на Пингпонгарскиот клуб Крива Паланка, Ана Стојановска во периодот од 02 – 05 ноември во Сплит, ќе учествува на квалификациите за младите Олимписки игри кои во 2018 година ќе се одржат во Буенос Аирес во Аргентина.

На квалификациите секоја земја има право на по еден свој претставник. Вкупно пријавени се 32 млади пингпонгари од кои првите четворица од квалификациите ќе се изборат да играат на Олимписките игри.

Патот до посакуваните четири места ќе биде многу тежок, бидеќи пријавени се најдобрите млади пингпонгари од цела Европа. За што подобро претставување на нашата земја Ана Стојановска од 19-24 октомври ќе биде на припреми во Зрењанин (Србија), со најдобрите европски тренери од Војводина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e