Американскиот пливач Мајкл Фелпс освои уште 2 злата

Неповторливиот американски пливач Мајкл Фелпс(31) во Вторник ја зголеми својата збирка на олимписки златни медали освојувајки ја трката на 200 метри пеперутка и штафетата 4х200 метри слободно и сега има дури 25 медали од олимписките игри од кои 21 се злато.

Фелпс до својот 20-ти златен медал стигна преку трката на 200 метри пеперутка со која го врати насловот олимписки првак по пауза од осум години и неговата неверојатна успешност од осум злата на олимписките игри во Пекинг во 2008 година.Пред четири години во Лондон остана само со сребрен медал,губејки од Јужноафриканецот Чад Ле Клос,но сега успеа да ја врати титулата победувајки го токму него.

Фелпс до целта стигна со време 1:53.36 минути,четири стотинки пред сребрениот јапонец Масата Сакаија и 26 стотинки пред бронзениот унгарец Томас Кендерсија,додека Ле Клос остана четврти со време 1:54.06.

Потоа Фелпс,како четврти член на американската штафета 4 х 200 метри скоксна во базенот и со многу малку неизвесност стигна до 21-то злато заокружувајки го трудот на Конор Дваер,Таунли Хас и Рајан Локти.

Американците славеа со време 7:00.66, 2.47 секунди пред британците и 2,84 секунди пред бронзените јапонци.

Во женскиот дел на првенството,нови хероини се унгарките Катинка Хоцу и американката Кејт Ладеки.Хоцу стигна до нејзиното трето злато во Рио со победата на 200 метра мешовито со новиот олимписки рекорд 2:06.58 пред британката Сиобан-Мари О’Конор(2:06.88) и американката Меј Ди Радо. (2:08.79).

Хоцу(27) предходно веќе го освои златниот медал на 400 метри мешовито и 100 метра грбно,додека во Вторникот рано наутро се откажа од настапот на 200 метра пеперутка со цел подобро да се припреми за финалето на 200 метра пеперутка.Сега и недостасува само едно злато во поединечна конкуренција за да го изедначи рекордот на Кристен Ото од Источна Германија која во 1988 во Сеул освои четири поединечни злата на едни исти игри.

Ледецки(19) веќе со години е владетелка на долгите стази,а во Рио покажа дека знае и на кратки дистанци.На златото од 400 метри слободно го додаде и она на двојно пократката патека до која стигна со време 1:53.73 одбивајки ѓи во завршницата нападите на швеѓанката Сара Сјостром која го освои среброто со време 1:54.08,додека австралијанката Ема МекКеон стигна до бронзата со 1:54.92,пред олимпискиот победник во оваа дисциплина од Пекинг 2008,италијанката Федерика Пелегрини со 1:55.18.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e