Алиоски: Украина мораме да ја добиеме ако сакаме продолжен престој на ЕП

Во македонската фудбалска експедиција во Букурешт сите се свесни дека натпреаврот со Украина в четврток (15 ч.) може да реши многу дилеми каков расплет ќе има во групата Ц на ЕП. на денешната прес-конференција Езѓан Алиоски фаворитската улога и ја препушти на Украина, а за македонската селекција вели дека треба да биде максимално сконцентирана во текот на сите 90 минути од решавачкиот меч, бидејќи шансите за пласман во нокаут фазата на турнирот не се загубени по поразот од Австрија. По оваа пресметка македонската експедиција од Букурешт ќе отпатува во Амстердам каде на 21 јуни ќе го игра третиот меч од групата со фавортот Холандија (18 ч.).

-Украина е фаворит и добро е што е така. Има добра репрезентација што го демонстрира во мечот со Холандија во кој постигна два гола. Но, наше е да не се предаваме и докрај да се бориме. Од дуелот со Автрија не треба да корегираме кој знае колку, победникот во тој натпревар го одлучија нијанси, рече Алиоски.

Ако нешто треба да се менува тој смета дека треба да се посвети поголемо внимание во одбраната, да не му се остава голем простор на противникот.

-Против Австрија го одигравме првиот меч на Европските првенства. Атмосферата беше одлична пред мечот, но остана таква и по мечот и покрај поразот. Не ни недостасува мотивација. Ова е едно големо искуство за нас. Пред нас е натпревар што мора да го добиеме, ако сакаме продожен престој на ЕП, вели играчот на англискиот премиерлигаш Лидс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e