За кого се омажи Маја Вукичевиќ во Австралија?

Некогаш  контоверзната поп-пејачка Маја Вукичевиќ остави  буквално се’ во Македонија и тајно се омажи во Австралија. Наши извори  раскажуваат дека Маја се омажила за богат Mакедонец, кој е сопственик на плантажи во Сиднеј и во Мелбурн, но имал и други големи бизниси.

Маја пред да замине преку океанот, го избриша својот ФБ профил, но не е активна  ниту на Инстаграм. Наводно на пријателите  пред да замине, им рекла дека сака да го избрише минатото и во Авсралија да започне нов живот како мажена жена.

Интересен е фактот дека нејзините провакитвни спотови, во кои таа дури водеше љубов со црнемуресто момче , а во 90-тите години беа вистинска сензација, веќе се тргнати од каналот Јутјуб , што е уште еден догаз дека Маја серозно сака да се збогува со минатото.

Нејзиниот бурен живот и тоа како беше интересен за јавноста. Медиумите ја врзуваа со многу јавни фаци, политичари и бизнисмени. Во времето кога беше  ривалка со поп-пејачката Ребека, Маја  се омажи со  скопјанецот Горан Грамашковски и го роди синот Гораст кој денес има 23 години. Бракот со Грамашковски траеше кусо време. Тогаш се шпекулираше  дека наводно нејзиниот екс сопруг му  се фрлил на алкхолот.

Маја цели 20 години беше дел од македонската естрада. Беше присутна на сите музички фестивали. Нејзиниот интересен имиџ и спотовите кои редовно и ги режираше легендарниот Дејан Миличевиќ ја направија поп-ѕвезда која немаше влакно на јазикот.

Извор: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e