Вистинска драма: Филип ја уценува Пријовиќ во осмиот месец од бременоста- ќе се исели од станот ако пејачката го направи ова

Александра Пријовиќ жестоко се скарала со својот сопруг Филип Живојиновиќ бидејќи во нејзиниот стан тој не дозволува да се пресели мајката на пејачката.

Како што пренесуваат српските медиуми буквално вистинска драма се случувало пред десетина денови кога Александра му соопштила на Филип дека некое време со нив ќе живее нејзината мајка за да им помага околу малото бебе.

-Александра влезе во осмиот месец од бременоста и размислува за помошта која и е потребна на почетокот по породувањето, па затоа и се обратила на мајка си. Борка дошла во нивниот стан за да му соопштат двете за нивниот план и да се договорат околу породувањето, открива извор близок до семејството.

Кога дознал Филип за ова буквално полудел и изјавил дека за нејзината мајка нема место во нивниот стан.

-Не сака неговото дете да го одгледаат бабата и дедото, тие може понекогаш да дојдат, а доколку таа се всели во нивниот стан тој го напушта, вели изворот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e