И покрај тоа што изгледа одлично во петтата деценија, сопругата на поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам направи контраефект обидувајќи се да покаже како се негува.
Многумина веруваат дека Викторија Бекам е „ладна“ дама, со оглед на тоа што отсекогаш делувала непристапно, но се чини дека годините кај поранешната членка на „Спајс Грлс“ си го зеле своето. Обидувајќи се да покаже дека е непосредна, 48-годишната Пош Спајс во голема мера ги користи социјалните мрежи, и истовремено ги рекламира производите од својата козметичка линија.
Неодамна, таа за своите обожаватели ја сподели својата секојдневна рутина за нега на кожата и шминка. За потребите на снимањето на видеото, наводно Викторија ја отстранила целата шминка и го открила својот беспрекорен тен.
Покрај видеото, поранешната членка на Спајс Грлс напишала дека „нема шминка, само серум за зајакнување на кожата и хидратантна крема што ги подмладува клетките“.
Сепак, се чини дека меѓу нејзините придружници има такви кои знаат како изгледа кожа без шминка, па ѝ укажаа на тоа дека нејзиното издание не е баш природно, истакнувајќи дека сопругата на поранешниот фудбалски ас на Англија, Дејвид Бекам, има коректор и пудра. Тие ѝ порачаа дека овие два производа секако се вбројуваат во шминка.