(ВИДЕО) Слушнете ја најновата песна на ДНК со моќен текст и шокантен спот

„Горе или доле“ е насловот на новата песна на Панчо и Андреј или двоецот ДНК. Станува збор за моќна композиција, односно клупска и радио ’френдли’ тема со моќен текст која се промовира во исто време со видеозапис, што инаку ја следи приказната од песната.

Видеото е снимено под режисерската палка на Даниел Јовески, а кадрите се направени на неколку локации низ земјава, поточно во кафулето „Рузвелт“ во Скопје, потоа во Охрид, како и на Клиниката Жан Митрев.

Песната, пак, е со потписите на Лазар Цветкоски и Панчо, кои со заеднички сили ја склопија музиката, додека текстот е на Панчо, а аранжманот на Лазе.

„ Напорно работевме на снимањето на сцените, кои се буквално филмски. Сè изгледа толку реално, особено шминката за која ангажиравме филмски шминкер, односно Игор Петрески кој направи сè да изгледа перфектно. Што се однесува до делот во болницата, буквално целиот персонал, освен д-р Андреј, се вистински медицински лица. Веруваме во овој спот, кој метафорично го прикажува животниот пат и токму како што вели и самиот наслов сè е горе или доле“, вели Панчо, кој фотографиите од спото им ги испратил на своите колешки меѓу кои и поп пејачката Елена Ристеска, која за ова солена шега вети дека ќе му се одмазди на пејачот.

„Колку и да ве разочара животот останете силни бидејќи секоја затворена врата отвора нова. И што е најважно Don’t drink & Drive“, велат Панчо и Андреј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e