(ВИДЕО) Симона Поповска со нов видео спот за „Сама“

Симона Поповска има ново видео! Станува збор за екранизација на одличната емотивна балада „Сама“ зад која стои авторскиот тим Иле Спасев, музика и аранжман, и Даниела Хаџи-Тоневска, која го потпишува текстот.

Оваа песна ми е исклучително драга и иако е снимена одамна не сакав да остане без видеозапис. Го чекав вистинскиот момент и ете желбата ми се оствари. Се надевам дека и на мојата публика ќе ѝ се допадне видеото, од кое сум презадоволна. Навистина сум среќна што ми се случи она што одамна го посакував, вели Симона.

Видеото е работено со режисерот Андреј Ѓоргиевски, а во реализацијата на целиот проект учествуваше веќе проверениот тим соработници на Симона – шминката и фризурата се на Бобан Тодоровски, додека за стајлингот беа задолжени Златко Јовановски и Сињори.
Кадрите во видеото во кои доминираат убавините на нашата земја се снимени во Македонска Каменица, езерото Калиманци, и хотелот Буши.

Сакавме да ги искористиме убавините на нашата земја. Откривме преубаво место, односно езерото Калиманци кое располага со прекрасна природа и целосно се вклопува во она што сакавме да го пренесеме. Темата на приказната е потонување во сон и чувството на осаменост. Токму и затоа сè, односно кадрите почнуваат од највисоката локација, па како што тече песната така се спуштаме пониско и завршуваме со будење и враќање во реалноста. Пораката која сакавме да ја пренесеме е дека иако е тешко да се прифати секој тежок момент во животот, особено чувството на осаменост и страв, многу е важно реалноста да се прифати како таква и да се направи обид за излез. Сè е минливо, а соочувањето со реалноста е првиот чекор во изнаоѓањето решение и излез од секоја состојба, вели Симона, која тука не завршува со проектите и наскоро најавува нешто сосема ново.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e