(ВИДЕО) Северина стана хит на Инстаграм откако бегаше од вистински гуски

Секој што пораснал на село или се нашол во ситуација поблиску да се запознае со гуски, знае дека тие не се баш најмирни суштества на светот и дека знаат да бркаат некој што ќе им се приближи.

Тоа го искуси и Северина на своја кожа, а потоа на Инстаграм објави видео во кое се обидува да се здружи со гуските, но не им се допадна многу. Пејачката на крајот мораше да бега пред лутите гуски.

„ Не може да седиш со нас“, напиша кратко со видео кое ги натера нејзините фанови да се насмеат.
Северина, заедно со нејзиниот сопруг Игор и неговите родители, е на годишен одмор во Грција.

Пејачката избра шарена модна комбинација за во Грција што малкумина ќе можат да ја облечат, а за многумина, токму оваа облека беше тоа што го привлече вниманието , а не борбата против гуските.

„Жено драга, што си облекла?“, „Ве сакаат боите“, „Гуските сакаат црвено“, „Погледни како си се облекла, соблечи се“,беа некои од коментарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e