(ВИДЕО) Ова е спотот на Тејлор Свифт кој собори неколку рекорди на Јутјуб

Пејачката Тејлор Свифт собори неколку Јутјуб рекорди со неодамна објавениот музички спот за најновата песна “ME!” која ја направила во соработка со Брендон Ури од бендот “Panic! At the Disco”, пишува “Billboard”.

Според соопштението објавено на сервисот во саботата, спотот за песната “ME!” забележал рекордни 65,2 милиони прикази во првите 24 часа од неговото објавување. Од Јутјуб потврдија дека овој подвиг ја направи Тејлор Свифт женски соло артист со најголем број на прегледи во првите 24 часа во историјата на оваа платформа за репродукција на видео материјали.

До појавата на синглот “ME!”, рекордот го држеше Аријана Гранде со над 59 милиони прегледи за песната “Thank U, Next”, а новата песна на Свифт исто така доби повеќе лајкови во првиот ден отколку било која нејзина друга песна.

Оваа американска пејачка и текстописец моментално брои повеќе од 33 милиони претплатници на својот официјален Јутјуб канал, што ја прави една од само осум музичари кои имаат над 30 милиони претплатници во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e