(ВИДЕО) Објавено видео од загинувањето на српскито рапер Гру

Раперот Далибор Андонов Гру (46) загина вчера околу 3:30 кога при кајтбординг паднал во Дунав. Телото на пејачот со чамец на брегот го извадиле неговите пријатели во наутичкиот клуб Земун. Тие повикале Итна помош, меѓутоа, таа само можела да констатира смрт.

Еден случаен минувач мисли дека вчера сосема случајно го снимил последното возење со кајт на српскиот рапер Гру, пред тој трагично да настрада на Дунав во Земун, пренесува српски „Телеграф“.

„Мислам дека денеска, сосема случајно, го снимив починатиот Гру како вози кајт на Дунав кај Земун! Господ да му ја прости душата“, напишал во коментарот на снимката.

Далибор Андонов Гру возел кајт кога кошава нагло почнала да дува, велат очевидци.

Тоа последно возење, пред несреќата, можеби е сосема случајно забележано со телефонот на еден минувач, кој не ни знаел што ќе се случи недолго откако ќе ја спушти камерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e