(ВИДЕО) Млади музичари од Велес успешно творат во Љубљана: Ова е првенчето на „Балкан“

Младиот музички уметник Стефан Јосифовски кој потекнува од Велес, а денес живее и твори на периферијата на Љубљана заедно со уште двајца артисти „Слатки грех“ и „ES-EY“, исто така артисти од градот Домжале во близина на словенската престолнина го објавија своето првенче кое за кратко време стана вистински хит.

„10 години по усовршувањето на јазикот, продолжив да се знанимавам со музика. Впрочем го продолжив тоа што ми беше опсесија од мали нозе. Горди сме на првата песна на новосоздадената група која го носи името „Балкан““, вели Стефан за Ипортал.

Спотот за песната која се вика “To so Domžale II“ и е репрезент на градот Домжале каде моменто живеат младите македонци го снимаше професионалната продукција „НЕСИ Видеос“.

„Не сме музички стрикно определени затоа што сакаме да се покажеме во секое поле од музиката (Rap, Trap, New Age, Pop…). Моето уметничко име е “El Makedoner” и иако повеќе снимам на словенски јазик понатака може ќе се обидам и во српската индустрија за да може да ме разбере поголемиот дел од публиката.“, вели Стефан кој за во март го најави својот прв албум кој ќе го носи насловот „Адекватно стање“.

Во продолжение погледнете го видео спотот за песната на младите музичари кој за за само една недела собра над  100. 000 прегледи на Youtube:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e