(ВИДЕО) Марјана го прослави својот 34-ти роденден со свадба!

ТВ водителката Марјана Станојковска својот роденден го прослави на необичен начин.

Датумот кога е родена 05. мај се погоди во ден кога е поканета како гостинка на свадба, па прославата беше две во едно.

Имено, Марјана за својот 34-ти роденден беше на свадба кај својот партнер од танцовото шоу „Танц со ѕвездите“, Илија Карадаковски кој се ожени со својата сакана Симона Веселиновска.

За разлика од минатите години кога знаеше да организира приватна забава за другарките во бикини и со кoктели, овој роденден за Марјана помина со забава каде беа присутни многу луѓе кои ја славеа љубовта.

Ако судиме по тоа дека својот ден го прослави во име на љубовта, веруваме дека така ќе и тргне 34-та, па и таа ќе стапне на лyдиoт камен исто како и својот партнер за танц.


View this post on Instagram

A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) on

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e