(ВИДЕО) Кендал Џенер во топлес издание за новата кампања на „Calvin Klein“

Манекенката Кендал Џенер е дел од пролетната кампања на брендот „Calvin Klein“, наречена „Calvins or Nothing“, во која позирала и во топлес издание.

Брендот споделил неколку црно-бели фотографии на својот Инстаграм профил од 27-годишната манекенка и реалити ѕвезда, како позира во различни модни комбинации.

На првата фотографија, Кендал позира со прекрстени нозе во џинс јакна, а на наредната лежи на подот држејќи се за голите гради додека носи фармерки. На останатите фотографии споделени на профилот, Џенер позира во новата колекција на долна облека.

Кампањата која ја осмислиле и фотографирале Мерт Алас и Маркус Пигот, ја вклучува Џенер заедно со амбасадорите на „Calvin Klein“, пејачките ФКА Твигс и Џени Руби Џејн. Освен тоа, на оваа кампања ѝ се придружија и американските актери Мајкл Б. Џордан и Арон Тејлор-Џонсон.

Пролетната колекција е опишана како колекција која вклучува нови можности за сензуалната чипка и стилови кои вклучуваат џинс материјал.

Како што наведуваат од брендот, биле инспирирани од модните стилови на 90-те години. „Calvin Klein“ во соопштението за јавност изјави дека фотографиите од Кендал Џенер ја прикажуваат нејзината „поинтимна страна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e