(ВИДЕО) Карлеуша повторно шокира – Нападна фоторепортер пред судот

Јелена Карлеуша денеска требаше да има две судења, едното со Светлана Цеца Ражнатовиќ, која не се појави од оправдани причини, а второто со фудбалерот Огнен Врањеш, кој исто така не дојде, но беше претставен од адвокатите.

Сепак, веднаш штом заврши судскиот процес и Јелена го напушти Првиот основен суд во Нов Белград, таа предизвика инцидент кој може да го видите на следниов линк БЛИЦ.

Во еден момент таа се приближила до фотографот и ненадејно го турнала. Овој скандалозен потег ги шокираше присутните а пејачката само рече „престанете да ми го блокирате патот“.

Спорот со Цеца трае подолго време, а во вториот случај е тужена од Врањеш, кој во јавноста сподели видеа и фотографии од нивната интимна врска, по која таа му се закани дека ќе го убие.

Бидејќи Огнен не се појави пред судот, па Јелена излезе бесна.

-Јелена Карлеуша изнесе куса одбрана. Нејзините адвокати во целост го негираа кривичното дело. Според нив, Карлеуша нема свој профил на социјалната мрежа од каде Врањеш ги добивал заканите, па тоа не го направил и нема врска со тоа. И отприлика самите новинари ја покренале хајката против него, рече адвокатот на Врањејеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e