Режисерот, Милчо Манчевски вечерва на својот фејсбук профил го објави официјалниот трејлер за најновиот негов филм, „Кајмак“.
Главните улоги ги играат: Ратка Радмановиќ, Камка Тоциновски, Благоја Чоревски, Сара Климоска, Петар Мирчевски, Александар Микиќ, Борис Чоревски, Симона Спировска.
“Кајмак” од 17-ти ноември во кината низ цела Македонија.
Во НУ Центар за култура Крива Паланка ќе биде прикажан вечерва со почеток во 19:30 часот.