(ВИДЕО) Излезе првата постхумна песна на Оливер Драгојевиќ

Новата песна на Оливер Драгојевиќ насловена како „За твое добро“, за која текстот го напиша неговиот пријател и колега Златан Стипишиќ Џибони, достапна е на Јутуб.

Фановите на починатиот пејач се воодушевени од оваа песна, која за кратко време доби голем број позитивни коментари.

„Џибони е гениј. Најдобра можна комбинација се неговите стихови и гласот на Оливер“, „Прекрасен човек и уште поубава песна“, „Ова е подарок од небото“, „Недостигаш капетане, никогаш никој како тебе, нека те чуваат ангели“, „Како недостигаш“, „Без зборови сум“, се само некои од коментарите што може да се прочитаат под песната објавена на Јутуб.
Инаку, Оливер Драгојевиќ почина на 29 јули 2018 година на 71 годишна возраст, по борбата со ракот на белите дробови и остави зад себе многу хитови што публиката секогаш ќе ги памети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e