(ВИДЕО) Хелена Роза: “Бранко Црвенковски ме покани во кревет со него”

Во вчерашното интервју за емисијата “Ексклузив”, познатата ТВ водителка Хелена Роза зборуваше за животот во Нов Зеланд со своето семејство, за македонската сцена, но и за фактот дека таа е првата јавна девојка која призна дека е во врска со друга девојка:

“Морав да го направам тоа за да ѝ дадам целосна поддршка на ЛГБТ заедницата. Премногу ми сметаше менталитетот овде и со тоа сакав да дадам пример дека и “нормален човек” може да биде дел од таа ЛГБТ популација”, вели Роза.

Помеѓу другото, таа раскажа и интересна случка поврзана со поранешниот претседател Бранко Црвенковски:

“Бевме во опуштено друштво, јас му реков: “Господине претседателе, кога ќе ми бидете гостин во емисијата “Во кревет со Хелена Роза”, а тој ми одговори: “Ако сакаш во кревет, можеме да одиме сега кај мене и да снимиме, но мислам дека само се шегуваше”, изјави ТВ водителката.

Во емисијата, таа зборуваше на многу теми, а истите можете да ги погледнете од видеото во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e