(ВИДЕО) Елена Ристевска опасно секси во најновиот спот за „Суперстар“

Елена Ристеска го претстави дуетот со својот руски колега Кирил, со кого започна да соработува минатата година.

Станува збор за песната насловена „Superstar“, чија музика ја потпишува Дарко Димитров, а стиховите се дело на самиот Кирил, алијас Кеј-Ди-Ди-Кеј (KDDK).

Сето тоа стигна спакувано со видео што се снимаше во Мајами и за кое се погрижи Дејан Димковски, а за изгледот на Елена се погрижила Дани Димковска.

Ова е втора песна и втора соработка за Ристеска годинава, а доаѓа по дуетот со српската колешка Данијела Кариќ за темата „Срца се погреше“ која наиде на одличен прием кај публиката во регионот.

Двете песни се само дел од она што го подготвува популарната пејачка, вклучувајќи ја и онаа што ја подготвува со Дуке Бојаџиев, која ќе имаме можност да ја слушнеме наскоро.

Како звучи и изгледа првата македонско-руска „Superstar“ соработка отпена на англиски, снимена во САД на Елена и Кирил, проследете во продолжение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e