(Видео) Девојка го спаси Џастин Бибер од напад во дискотека

Џастин Бибер се спаси од гужвата, благодарение на една дама во традиционална германска носија!
Снимката беше објавена од сајтот TMZ! Џастин беше фатен од посетител на клубот, кој потоа и го нападна а дамата веднаш ги раздвои.

Потоа бизнис партнерот на пејачот John Shahidi го фрли напаѓачот на под, а девојката го повлече Џастин на безбедно.

Проблематичниот човек се обидуваше да го привлече вниманието на Џастин цела ноќ и ја искористи можноста кога успеа да го сретне лице в лице.

На Џастин сигурно му годеше вниманието на младата германка, бидејки неодамна ја прекина врската со Софија Ричи.

За поврзани вести продолжете надолу

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e