(ВИДЕО) Дани Димитровска со нова рок тема и видео во кое изгледа „бомбастично“

Дани конечно се враќа на своето. По албумот „Град за љубов“ со поп-џез призвук, една од највредните пејачки на нашата естрада се враќа на својот претпознатлив рок-стил и ви го претставува најновото музичко остварување од „купчето“ нумери кои допрва ќе ги слушнете.

Новата рок-тема носи наслов „Четири ѕида“ и очекувано како автори се потпишуваат брачниот тандем Весна Бабамов Малинова и Кирил Бабамов, кои всушност својот потпис го ставаат на речиси целиот музички опус на Дани.

-„Четири Ѕида” е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родители и деца, брат и сестра, кој како ќе се пронајде. Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна, па и во оваа, вели Дани.

За новата песна Дани сними и интересен видеоспот зад кој се потишува филмското дуо Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев, а за потребите на ова видео темпераментната рокерка го промени својот изглед, па наместо кожни панталони и црни маички, Дани ја гледаме во едно скроз поинакво издание.


View this post on Instagram

Битолски аеродром. Сонце иако на заоѓање не се откажува од расфрлање со 40 степени топлина. Си оди, знае дека му е време ама нејќе.. понашање на размазено девојче што плаче ако стегачот за коса не и одговара со гумата на моливот со мирис на лимон. Пола снимачка екипа лежат таму надвор, на полигон; некои со медитативен поглед у сонце ради уморот со наслов “жешко е за работа” а останатите на тел. Јас замислував како е да се има вакво мало пропелерче како единствено превозно средство. Боки ме довикува со прашањето: Кај отиде? – Јас му покажав еве вака, онаму.. горе. У небо.. дома де.. Боки одмавна со глава, као ок е лепотице, вози си со фантазијата и 600 на саат ако сакаш, само задржи ја позицијава на тело, магичен е моментов за овековечување. Секој со своите лудости. Љубов за @stoilkovski.bojan и неговиот осет за магија 🎬 Hair & make up: @boban_todorovski_ Styling: @a.i.mili @fashiongroupmacedonia #skirt #guess #replayshoes

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska) on

Инаку Дани неодамна се врати од Каиро каде одбележа 12 години активна работа како „UN Celebrity Ambassador“ во доменот на ширење свест за човечките права.

Исто така 2019 година е јубилејна за Дани. Во март својот солистички концерт во Македонска филхармонија го посвети на 20-те години музичка кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e