(ВИДЕО) Бенд 18+ & Жаре Бербер ја најавија својата нова песна „Циганко мала“

Добро познатиот и омилен музички Бенд 18+ и добро познатиот Жаре Бербер го најавија својот најнов сингл чија онлајн промоција се очекува за помалку од 47 часа.

1Како што соопштија вчера на нивната фан страна одбројуваат три дена до премиерата на песната со оригинален назив „Циганко мала“ и порачуваат „на првиот рефрен ќе ја слушате, на вториот веќе ќе ја пеете! Ви ветуваме!“, а ние не се ни сомневаме во тоа имајќи в предвид дека станува збор за искусни и веќе докажани таленти на македонската музичка сцена.

2

Дополнително момците од Бенд 18+, заедно со Жаре Бербер, се познати шоумени кои знаат да ги пренесат своите позитивни вибрации на обожавателите, кои се во се поголем број.

33Ова е втора песна на музичкиот состав, откако пред година и половина ја промовираа „Понекад“.

44Во меѓувреме, додека ја чекаме промоцијата на целиот хит, уживајте во дел од песната и оригиналниот спот во кој се појавуваат навистина атрактивни девојки, нагодувајќи која е „малата циганка“ за која пеат згодните момци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e