Со голем аплауз и овации, како од жирито, така и од публиката, беше поздравен и овој настап на македонската пејачка Антониа Гиговска во „Пинкови ѕвездички“. Младата скопјанка го помина и овој круг од музичкото натпреварување, а пофалбите и донесоа и сози на очите.
Гиговска овојпат ја пееше „Writing’s on the wall“, песната која ја испеа Сем Смит за последниот Бонд филм.
Своите црвени столчиња веднаш ги подигнаа Милан Станковиќ, Кристина Коцкар и Гоца Тржан, а набрзо тоа го направија и Леонтина Вукомановиќ и Наташа Беквалац. Тие за време на целиот настап извикуваа пофални зборови на сметка на Антониа.