(ВИДЕО) Александар Тарабунов со нов спот за динамичната „Senorita“

Пејачот Александар Тарабунов – Тара деновиве го промовираше новиот сингл кој го носи името „Senorita“ за кој сними и видео запис.
„Долго време работевме на оваа песна и искрено се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној на кој е навикната македонската јавност да ме слуша, малку експериментиравме, внесовме нови елементи, нов призвук и мислам дека „Senorita“ е одлична увертира за она што допрва следува од мене“, рече Тара.

Станува збор за тема чија што музика ја потпишува самиот Тара , текстот е дело на Луна Ристиќ, додека, пак, аранжманот и продукцијата се на Роберт Билбилов со кого соработува долги години наназад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e