(ВИДЕO) Елена Велевска „ја запали“ публиката во Швајцарија

Фолк-пејачката Елена Велевска имаше настап во Швајцарија во дискотеката „Палма“. Облечена во црвена комбинација, со гол стомак и високи чизми, Елена направи вистински џумбуш, откако ги запеа своите фолк-хитови.
Од полната дискотека, пејачката сподели и видео. Велевска, често патува надвор од земјава и има постојано настапи за нашинците во други земји.

Пејачката пред два месеци беше актуелна заради разводот од сопругот Марјан, но на крај, таа објави дека сепак заради децата , решиле да си дадат уште една шанса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e