Victoria’s Secret нема да ја организира својата модна ревија

Victoria’s Secret нема да прави модно шоу оваа година

Марката за долна облека Victoria’s Secret официјално потврди дека нема да ја организира својата специјална модна ревија оваа година, која се претвори во свој сопствен бренд. Специјалното шоу на Victoria’s Secret се емитува на телевизиските канали од 2001 година.

Обично се користи за на неа да продефилираат некои од најпопуларните модели во светот во долна облека, наречени „ангели“. Во светот на модата, ова е голема чест, а честопати на овие претстави се појавува и актуелна поп sвезда.

Во 2019 година, по години на бесконечен пад на интересот на гледачите, паѓајќи на само 3,3 милиони гледачи во 2018 година, претставата официјално нема да се одржи. За споредба, кога за прв пат се емитуваше во 2001 година, достигна 12 милиони гледачи, пренесува metro.co.uk.

Стјуарт Бергдорфер, ЦФО на компанијата, одговари на прашање дали ќе се одржи шоуто: „Ќе комуницираме со клиентите, но ништо што ќе кажам не е слично во размер со модната ревија“.

„Размислуваме како да ја подобриме позицијата на брендот“, вели тој.
Неговите зборови доаѓаат еден месец откако манекенката Ирина Шајк спомна дека годинава нема да има шоу.

Откажувањето на ревијата не е огромно изненадување. Веста доаѓа откако директорот за маркетинг Ед Разек се повлече во услови на критика дека марката не бира трансџендер модели и такви со прекумерна тежина.

Покрај тоа, црни облаци се формираа околу L Brands, кој е сопственик на Victoria’s Secret, откако за основачот ,Лекс Веснер беше откриено дека е пријател со Џефри Епстајн.

Во меѓувреме, шоуто на пејачката Ријана, Savage x Fenty доби пофалби за разновидноста на модели користени во шоуто.

Сè уште нема информации дали Victoria’s Secret ќе го врати своето шоу следната година во различен формат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e