Васил Гарванлиев ќе ја претставува земјава на Евровизија 2020. во Ротердам

На изборот за песна на Евровизија 2020-та, кој ќе се одржи во мај во Ротердам, наш претставник ќе биде Васил Гарванлиев.

Минатата година тој се појави на евровизиската сцена во Тел Авив како пратечки вокал на Тамара, за песната Proud со која достигна неверојатен успех.

На неговиот Инстаграм профил тој ја објави веста со опис:

„Речиси секое музикално дете во Европа расте со истиот сон – еден ден да ја претставува татковината на Евровизија. Почестен сум, благословен и благодарен што ја добив шансата да пеам за мојата татковина со отворено срце овој мај во Ротердам. Одиме!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e